INTERNSHIP / TRAINING

 

Internships

 

Програма за Размена/Тренинг во САД

Дали сте возбудени да научите повеќе за Америка, да стекнете пракса во вашата област на студирање и во исто време да се здобиете со професионална кариера?

Американците се уште пољубопитни да научат за вас и вашата култура и да го споделат нивното знаење и искуство со вас. Ова е вистинската причина зошто State Department-от на САД ја создаде J-1 програмата за размена на студенти. Главна цел на програмата е на студентите од прекуокеанските земји да им обезбеди можност за живот и професионална надоградба во областа во којашто студираат или работат.

 

Придобивки и Награди

  • Интернационално работно искуство и пракса во одредена област;
  • Учење и усовршување на англиски јазик;
  • Стекнување самодоверба и самостојност;
  • Нови пријателства;
  • Патување низ Америка во слободно време.

 

Програма за размена во САД

ZIP Travel нуди два начина на учество во програма за размена:

  • Premium Program: размената ја обезбедува ZIP Travel во соработка со нашите спонзор организации/партнeри од САД;
  • Independent Program: компанијата за професионална пракса ја обезбедува кандидатот, со тоа што ние ќе ја потврдиме истата и ќе ја спроведеме комплетната процедура. 

 

Premium Internship/Training Program

Premium Internship/Training Program ви овозможува вие да изберете компанија и област на усовршување од широкиот спектар на premium работни понуди и компании со коишто ZIP Travel располага. Тимот на ZIP Travel работи во ваш интерес согласно со портфолијата на нашите партнери со цел да ви овозможи избор на компанија каде што ќе можете да постигнете максимална придобивка од програмата. Компаниите кои обезбедуваат работни места се со максимално професионален карактер и учесниците добиваат шанса добро да се вклопат во дејноста.

 

Што вклучува Premium Intenship/Training Program?

  • Можности за пракса во реномирани американски компании;
  • Интервју за работа помеѓу апликантот и компанијата;
  • Детално изработен план за праксата;
  • DS-2019 формулар (Сертификат за квалификација потребен за работна студентска виза);
  • Ориентација;
  • Здравствено осигурување за времетраењето на програмата;
  • 24 часовна поддршка за време на престојот во Америка.

 

J-1 виза, цели, барања и компарација помеѓу Internship и Training Program

Целите и барањата на двете горенаведени програми се објаснети во понатамошните точки.

 

ПРОГРАМА ЗА РАЗМЕНА

Цели на програмата: Усовршување на вашата кариера и знаење преку структурирана тренинг програма, како и учење нови работи за американската бизнис култура.

Услови кои учесникот мора да ги исполнува:

  • Возраст над 20 години;
  • Статус на студент надвор од САД;
  • Последна година од студии или поминато најмногу 12 месеци од дипломирање;
  • Напредно познавање на англиски јазик.

Основни позиции (можни позиции на основно ниво). Пример:

  • Сектор за храна и пијалоци;
  • Рецепција;
  • Канцелариски асистент;
  • Кулинарство.

Времетраење на програмата: Програмата трае максимум до 12 месеци;

Кога може да аплицирате: Во текот на целата година;

Потребни информации за компанијата:

  • Идентификационен број на компанијата;
  • Осигурителна полиса на компанијата;
  • Безбедносен серетификат на компанијата;
  • Годишен промет од 3 милиони долари или минимално 25 вработени.

 

ТРЕНИНГ ПРОГРАМА

Цели на програмата: Усовршување на вашата кариера и знаење преку структурирана тренинг програма, како и учење нови работи за американската бизнис култура.

Услови кои учесникот мора да ги исполнува:

  • Возраст над 20 години;
  • Eдногодишен степен или сертификат од институција надвор од САД или 5 години професионално работно искуство;
  • Напредно познавање на англиски јазик.

Основни позиции (Професионални позиции кои бараат претходно искуство). Пример:

  • Хотелски супервизор;
  • Банкет супервизор;
  • Менаџмент практикант;
  • Операционен практикант;

Времетраење на програмата: Програмата трае максмум до 12 месеци;

Кога може да аплицирате: Во текот на целата година;

Потребни информации за компанијата:

  • Идентификационен број на компанијата;
  • Осигурителна полиса на компанијата;
  • Безбедносен серетификат на компанијата;
  • Годишен промет од 3 милиони долари или минимално 25 вработени;

 

Како да аплицирате

PREMIUM INTERNSHIP/TRAINING ПРОГРАМА

  • Потпишување договор (ZIP Travel - Студент);
  • Тестирање за англиски јазик;
  • Потребни документи: копија од пасош; потврда за редовен студент или диплома; пополнет формулар издаден од ZIP Travel; интервју од страна на претставник на ZIP Travel;
  • Плаќање на апликативен трошок;
  • Потпишување на програма со работна понуда од страна на ZIP Travel;
  • Плаќање на работната понуда;
  • Потпишување на DS-2019;
  • Интервју за виза во Американска амбасада во Скопје;
  • Авионски билет (купен во ZIP Travel).

 

 INDEPENDENT INTERNSHIP/TRAINING ПРОГРАМА

  • Потпишување договор (ZIP Travel - Студент);
  • Тестирање на англиски јазик;
  • Потребни документи: копија од пасош; потврда за редовен студент или диплома; пополнет формулар издаден од ZIP Travel; интервју од страна на претставник на ZIP Travel; договор со компанијата; план за тренинг/размена; копија од осигурителната лиценца за работа на компанијата;
  • Плаќање на апликативен трошок;
  • Потпишување на програма со работна понуда од страна на ZIP Travel;
  • Плаќање на работната понуда;
  • Потпишување на DS-2019;
  • Интервју за виза во Американска Амбасада во Скопје;
  • Авионски билет (купен во ZIP Travel).

 

   

 

Не пропуштај !